Претставници на Центарот за животна средина организираа ручек за медиумите во Центарот за посетители Пецка, со цел да го привлечат вниманието на медиумите на горливите прашања во областа на биолошката разновидност и заштита на природата, и на заканите по нив од изградбата на мали хидроцентрали (МХЦ) во Босна и Херцеговина.

Овој настан е дел од “Еко-БиХ“ проектот финансиран од Европската Унија и од активностите на Регионалната мрежа за биолошка разновидност (БиоНЕТ), поддржана од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (ГИЗ) GmbH.

По кратката презентација на Центарот за посетители Пецка, мрежата БиоНЕТ и проектот “Еко-БиХ“ организираа посета до реките Плива и Јањ, со максимално почитување на сите мерки за безбедност поради пандемијата со ковид-19.

При посетата на реките, каде што се планираат нови заштитени подрачја и развивање на туризмот, новинарите имаа можност да ги видат локациите каде што се изградени МХЦ (Плива) и каде што се планира изградба на нови, да се запознаат со проблемите во врска со ова, како и со иницијативата на Центарот за животна средина да го заштити горниот тек на реката Сана. 

Prevod je u pripremi i uskoro će biti dostupan.

Prevod je u pripremi i uskoro će biti dostupan.

Prevod je u pripremi i uskoro će biti dostupan.