Какви крилја ќе летаат над Вјосе-Нарте, на фламинга или на авиони? Заштитеното подрачје Вјосе-Нарте, дом на различни видови птици, постојано се соочува со закани од големите инвестиции, кои ќе ги уништат сите вредности на биолошка разновидност во подрачјето.
ППНЕА и ИНЦА Албанија, како членки на мрежата БиоНЕТ, организираа ручек за медиумите, каде што ги запознаа претставниците на медиумите со подрачјето за да ги промовираат неговите вредности, повеќегодишната работа за заштита на природата и да ги потенцираат заканите со кои се соочува ова заштитено подрачје.