Дводневната работилница за членовите на БиоНЕТ и за претставници на медиумите од ЈИЕ, одржана во период од 2 до 4 декември 2019 г. во Будва, Црна Гора, имаше за цел да се овозможи размена меѓу членовите на БиоНЕТ и националните и регионалните медиуми за нивната работа и да се поттикне соработка. Учесниците учеа како да воспостават прв контакт, директна размена и дискусија за суштински прашања за двете страни, со што се поставија темелите за идна соработка од заемна корист. 

На работилниците беа донесени следните заклучоци за БиоНЕТ и претставниците на медиумите од ЈИЕ:
1. Да продолжи комуникацијата меѓу учесниците во иднина (преку групна мејлинг листа) 
2. Да се создаде платформа за размена на информации
3. БиоНЕТ да направи своја поширока листа со контакти од медиумите во сите седум земји 
4. БиоНЕТ да ги зголеми активностите за односи со јавноста и комуникација со медиумите
5. Медиумите да споделуваат информации во медиумската мрежа во нивните земји 
6. БиоНЕТ да ги спроведе предложените принципи кога во иднина ќе ги контактира медиумите
7. БиоНЕТ да стане доверлив и траен извор на информации за новинарите во сите седум земји.

По одржувањето на работилницата, се одржа редовен состанок на мрежата за да се дискутира за изминатите и да се планираат идните активности на БиоНЕТ. Исто така, членките на БиоНЕТ го искористија овој состанок да го почнат процесот на стратешко планирање на Стратешкиот план за следните 5 години. 

Prevod je u pripremi i uskoro će biti dostupan.

Prevod je u pripremi i uskoro će biti dostupan.

Prevod je u pripremi i uskoro će biti dostupan.