За да ги изградат своите капацитети, членките на мрежата БиоНЕТ учествуваа во обуката: Комуникација и соработка со јавноста, што беше организирана во Бон, Германија, во периодот од 28.10-01.11.2019.
Обуката беше организирана во Дојче веле академијата. Членовите на мрежата БиоНЕТ имаа можност да научат за подготовка на кампања, развивање стратегија за комуникација, друштвени мрежи, подготовка на добри соопштенија за медиумите и како да ги пренесат суштинските пораки до јавноста преку изјави и интервјуа.
Следните активности на мрежата БиоНЕТ се планирани за декември 2019 г. кога ќе се организира работилница за медиуми, како и состанок на БиоНЕТ за да се дефинираат активностите што мрежата планира да ги спроведе во следните месеци.