Можно ли е да се врати времето? Во природниот резерват Обедска бара, Младите истражувачи на Србија го направија токму тоа. Со упорност, систематски пристап и соработка со надлежните институции, долгорочните активности за обнова на барата според потребите на овој уникатен екосистем, резултираа со враќање на загрозените видови што ги напуштиле своите живеалишта. Денес црниот ибис повторно се гнезди во Обедска бара, а младите истражувачи оваа есен беа негови домаќини и гости, како дел од доброволната акција да се отстранат грмушките и дрвената вегетација од водните живеалишта на овој локалитет.
Новинарите беа заинтересирани за специфичните проблеми во Обедска бара и за нивното влијание врз граѓаните и животната средина. Сакаа да слушнат и за мерките што Младите истражувачи на Србија и институциите ги преземаат за решавање на дел од овие проблеми, како и за можностите Обедска бара да стане рај за одржлив туризам. Во извештаите од овој настан новинарите испратија порака дека одржувањето на природните области со биолошка разновидност, сега е од најголема важност за физичкото и за менталното здравје на граѓаните.