На Светскиот ден на птиците преселници беше организиран настан за медиуми во Националниот парк Шара, за да се покаже исклучителната важност на биолошката разновидност на Шар Планина, да се зголеми свеста и да се стимулираат позитивни активности за заштита на биолошката разновидност.
Настанот го организираше НВО Ѕвингалка од Призрен, која ја претстави својата работа во Косово, регионалната соработка во рамките на БиоНЕТ и потенцијалите за еколошки развој на регионот.
Претставниците на медиумите покажаа особен интерес за еколошките прашања, вредностите на подрачјето во однос на флората и фауната, но и за тоа како локалното население може да придонесе во овој поглед. Беа заинтересирани и за развојот на туризмот и за локалните производи од регионот на Шара, а имаа и можност да ги посетат локалните производители на млечни производи „Bioferma Guri Zi“. Таму се запознаа со тоа како се води грижа за животните во претстојната студена сезона. Студентите што присуствуваа на настанот ги споделија своите гледишта за биолошката разновидност и за вредностите на Шара.