
Како го правиме ова
БиоНЕТ е мрежа на различни и национално признати еколошки граѓански организации од земјите на Западен Балкан што го користат своето долгогодишно искуство и знаења за планирање и спроведување квалитетни методологии и пристапи.
Нашите методологии и пристапи се применуваат во следните пет главни области на работа:
а) Стратешко планирање
Во нашата работа имаме стратешки пристап, не само за развој на мрежата, туку и за развивање на нашите активности, партнерства, за градење капацитети, промоција и собирање финансиски средства. Ова е овозможено преку активна поддршка и учество на различни експерти, кои се ангажирани во организациите што се членки.
б) Соработка со релевантни чинители
Невозможно е да се има позитивно влијание и труд во нашата работа без блиско партнерство и комуникација со широка лепеза на релевантни чинители, како влади, јавни институции, медиуми и други граѓански организации. Нашите членки и самиот БиоНЕТ имаат воспоставена редовна комуникација со нив во сите земји од Западен Балкан, преку учество или предводење локални и национални коалиции, мрежи и платформи.
в) Комуникација и видливост
Се трудиме да обезбедиме квалитетни информации и да споделуваме знаења со пошироката јавност, со релевантните чинители и партнери, па затоа еден од нашите квалитети се долгогодишното искуство и знаење за спроведување промотивни и едукативни активности.
г) Градење капацитети
Веруваме дека мрежата е силна само доколку секој член поединечно е добро развиен и има оперативни капацитети. Затоа еден од нашите пристапи е да планираме и да спроведуваме редовни активности за градење капацитети според потребите на нашите членови, но и потребите на самата мрежа. Активностите за градење капацитети што ги организираме се во вид на семинари, обуки и конференции.
д) Собирање финансиски средства
За нашата одржливост и континуирана работа ги користиме нашите добро развиени капацитети за собирање средства при развивање квалитетни проекти што целосно се засноваат на потребите и на предизвиците на нашите целни групи и на заедниците, во согласност со нашата визија, мисија и областите на дејствување.