Што работиме

Во процесот на стратешко планирање во периодот 2019-2020, БиоНЕТ анализираше и утврди листа на приоритети/прашања на кои БиоНЕТ треба да се осврне во своите активности и програми. Врз основа од анализата и наодите, членовите на мрежата БиоНЕТ дискутираа и се договорија БиоНЕТ да се осврне на следните стратешки приоритети/прашања:  

a) Развивање на мрежата

Развивањето на мрежата опфаќа континуирана работа за подобрување и за натамошен развој на структурата на мрежата, интерните правила и процедури, членството, градење на капацитетите на членовите, внатрешна и надворешна комуникација.

b) Заштитени подрачја

Потребна е континуирана работа за зголемување на бројот на заштитени подрачја во Западен Балкан, како и подобро управување. Утврдени се конкретни теми во врска со заштитените подрачја, а дел од нив се инвазивни видови, морски/копнени живеалишта и загуба на видови.

c) Одржливо користење на природните ресурси

За одржливо користење на природните ресурси, потребна е континуирана работа на промовирање и на користење обновлива енергија, спречување нелегален лов, прекумерен и нелегален риболов, одржливо шумарство и паметно управување со мочуришта.

Prevod je u pripremi i uskoro će biti dostupan.

Prevod je u pripremi i uskoro će biti dostupan.

Prevod je u pripremi i uskoro će biti dostupan.