Целта на настанот во Петровац беше да се зголеми вклученоста на медиумите во промоција на идното заштитено подрачје во морето во Црна Гора – Катич.
Покрај заштита на морскиот екосистем, заштитеното подрачје во морето нуди и иновативни туристички услуги. Затоа промоцијата на нови туристички понуди е неопходна за развој на екотуризмот и за заштита на биолошката разновидност.
Домаќин на настанот беше НВО „Зелен дом“, една од трите членки на БиоНЕТ од Црна Гора. Учествуваа претставници на повеќе медиуми од Црна Гора.