Засолниште за мечки „Четири шепи“/„vier Pfoten“ Приштина, Косово
Засолништето за мечки од Приштина нуди незаборавна можност и искуство за учење и истражување во природно опкружување. Со површина од 16 хектари, опкружено со бујни шуми и недопрена природа, Засолништето за мечки во Приштина нуди безбеден и соодветен дом за злоупотребувани мечки уште од 2013 г.
Засолништето за мечки е проект на меѓународната организација за животни „Четири шепи“ (FOUR PAWS), кое во моментов нуди соодветен, доживотен дом за кафеавите мечки што биле чувани во ресторани во Косово и во Албанија. Во последните неколку години Засолништето за мечки стана една од најбараните дестинации за локалните и за странските посетители. На само 20 км возење од Приштина, засолништето се наоѓа во природен рај, каде што посетителите може да го поминат денот во природа и да ги набљудуваат спасените мечки како бараат храна, се капат во базените или дремат во грмушките. Посетителите имаат можност и да пешачат по патеката, каде што ќе научат многу интересни факти за животните и за заштитата на животната средина, а ќе научат нешто повеќе и за минатото на секоја спасена мечка.
Адреса: Mramor Village, near Badovci Lake – 10‘000 Prishtina / Kosova
имејл: bearsanctuary-prishtina@four-paws.org
телефон: +383 44 609 044
официјална веб-страница: www.bearsanctuary-prishtina.orgдруштвени мрежи:
https://facebook.com/PylliiArinjvePrishtina/
https://www.instagram.com/bear_sanctuary_prishtina/
лице за контакт: Таулант Хоџа, taulant.hoxha@vier-pfoten.org
Здружение БИОМ, Хрватска
Здружението Биом е хрватска еколошка граѓанска организација посветена на заштита на природата, нејзина промоција и популаризација. Биом придонесува за општото добро со својата мрежа на членови, доброволци и поддржувачи. Преку едукативни, политички и активности за заштита, Биом придонесува за биолошката разновидност и влијае на промена на однесувањето на јавноста и на релевантните чинители во Хрватска.
Биом се фокусира на заштита и обнова на природните екосистеми, особено птиците.
Како хрватски партнер на BirdLife, Биом учествува во создавање политики за заштита на природата на меѓународно ниво.
Адреса: Čazmanska 2, 10000 Zagreb, Croatia
имејл: info@biom.hr
телефон: +38515515324
официјална веб-страница: www.biom.hr
друштвени мрежи:
https://www.facebook.com/biom.hr/
https://www.instagram.com/udruga_biom/
https://www.youtube.com/user/biomhr
https://twitter.com/BiomHr
лице за контакт: Дубравко Дендер (dubravko.dender@biom.hr)
Црногорско Друштво на еколози – ДЕ, Црна Гора
Друштвото на еколози е независна и непрофитна граѓанска организација основана на 10 август 2012 г. во Подгорица.
Црногорското Друштво на еколози преку своите активности сака да понуди ефикасен и ефективен модел за соочување со предизвиците за заштита на природата. Организацијата применува интердисциплинарен пристап во оваа област, со што се постигнува континуирана валоризација на природните ресурси, и ги применува принципите на одржлив развој.
Организацијата е отворена за сите што сакаат да придонесат за заштита на животната средина како и заинтересираните истражувачи активни во областа на природните, техничките, општествените или хуманистичките науки, кои сакаат да се занимаваат со применета екологија во својата професија. Благодарение на овој пристап, организацијата исто така сака да изнајде опции за решавање одредени еколошки проблеми и да даде идеи за социјална и економска валоризација на заштитените подрачја.
Адреса: Martinići bb, 81410 Danilovgrad
имејл: drustvoekologa@gmail.com
телефон: +382 68 048 388
официјална веб-страница: www.drustvoekologa.me
друштвени мрежи:
https://www.facebook.com/drustvoekologa
https://www.instagram.com/cde_crnogorsko_drustvo_ekologa/?hl=en
лица за контакт: Андријана Мичановиќ, ana.micanovic11@gmail.com и Јелена Поповиќ, popovic.jelena4@gmail.com
Центар за заштита и истражување на птиците (ЦЗИП), Црна Гора
Центарот за заштита и истражување на птиците (ЦЗИП) е основан во декември 2000 г. од орнитолози од Републичкиот институт за заштита на природата, Природонаучниот музеј, Националните паркови и студенти од Факултетот за биологија во Подгорица. ЦЗИП е член на ИУЦН и партнер на BirdLife International во Црна Гора.
Мисијата на ЦЗИП е заштита на птици и на други растителни и животински видови, нивните живеалишта, мониторинг на биолошката разновидност во Црна Гора, едукација на граѓаните, популаризација на научното истражување, како и соработка со други организации во земјата и во странство што се занимаваат со заштита на природата.
Адреса: Velje brdo 35, 81000 Podgorica
имејл: czip@czip.me
телефон: +382 20 272 051
официјална веб-страница: www.czip.me
друштвени мрежи:
https://www.facebook.com/czip.cg/
https://www.instagram.com/czip_montenegro
лице за контакт: Ксенија Меденица, ksenija.medenica@czip.me
Центар за животна средина (ЦЗЗС), Босна и Херцеговина
Центарот за животна средина е организација што е фокусирана на еколошки прашања уште од основањето и првите активности. Основан е во 1999 г. со цел да се влијае и да придонесе за подобрување на животната средина преку активни и проактивни акции.
Денес Центарот за животна средина е призната организација што се обидува да влијае врз релевантните јавни политики на разумен и активен начин, да ја зголеми свеста кај јавноста за еколошки прашања и да оствари конструктивна соработка со други здруженија, мрежи, институции и меѓународни организации.
Адреса: Miše Stupara 5, 78000 Banjaluka, Bosnia and Herzegovina
имејл: info@czzs.org
телефон: +387 51 433 140
официјална веб-страница: www.czzs.org
друштвени мрежи:
https://www.facebook.com/CentarZaZivotnuSredinu/
https://www.instagram.com/centar_za_zivotnu_sredinu
лице за контакт: Југослав Јевџиќ, jugoslav.jevdjic@czzs.org
Друштво за заштита и проучување на птиците на Србија – ДЗППС, Србија
Друштвото за заштита и проучување на птиците на Србија (ДЗППС) е основано на 18 ноември 1989 г. како Друштво за заштита и проучување на птиците во Војводина, каде што беа собрани професионални орнитолози и аматери од територијата на српската покраина Војводина. Одлуката да се смени името на друштвото, во согласност со неговата посветена работа на целата територија на Србија и стратешкиот пристап за воспоставување партнерство со BirdLife International, беше донесена во декември 2010 г. Денес, по дваесет години, Друштвото за заштита и проучување на птиците на Србија е активна и посветена организација што внимателно ја одржува мрежата на активни членови низ цела Србија, кои работат на заштита на птиците и живеалиштата, и на зголемување на знаењата за птиците во Србија на локално, регионално и национално ниво.
Адреса: Partizanskih baza 6/43, 21000 Novi Sad; Makedonska 4, 11000 Beograd, Srbija
имејл: sekretar@pticesrbije.rs
телефон: +381 21 631 83 43, +381 11 334 39 02
официјална веб-страница: http://pticesrbije.rs/
друштвени мрежи:
https://www.facebook.com/BirdLifeSerbia/
https://twitter.com/birdlifeserbiahttps://www.youtube.com/channel/UCNSqOYtAkKoDG75HrFYtkqQ
инстаграм: birdlife_serbia
лице за контакт: Слободан Кнежевиќ
Ѕвингалка (Finch) – НВО за заштита на птиците и природата, Косово
Ѕвингалка (Finch) е организација фокусирана на заштита на птиците и биолошката разновидност. Отсекогаш била заинтересирана за заштита на природните ресурси генерално, во светот во кој живееме, па затоа се посветени на заштита на животната средина во којашто живееме. Организацијата работи во Косово од 2004 г. Постојано се вклучени во заштита на живиот свет во Косово и надвор од земјата. Заинтересирани се за заштита на флората и фауната и биолошката разновидност. Сакаат и да се стекнат со нови искуства од други организации, особено европски.
Работат на заштита на птиците за време на зимските мразови, кога немаат доволно храна во градовите и во селата. Се обидуваат да ја зголемат свеста на локалното население за прехрана на птиците во зима. Многу птици преселници минуваат низ земјата во одредено време од годината. Сакаат да ја зголемат свеста на луѓето, особено на ловокрадците. Воедно се фокусирани на зголемување на свеста кај јавноста за вредноста на биолошката разновидност во Косово, особено во регионот на Шара, каде што спаѓа и Националниот парк Шар Планина.
Адреса: Janina 79, Prizren, 20000, Kosovo
имејл: ngofinch@yahoo.com
телефон: +383 49 602 491
официјална веб-страница: www.ngofinch.com
друштвени мрежи:
https://www.facebook.com/Finch-NGO-OJQ-345601362222834
лице за контакт: Флутра Рамадани
Зелен дом, Црна Гора
НВО Зелен дом ја основале дипломирани студенти по биологија на 14.02.2000 како невладина, непрофитна и неполитичка организација. Организацијата е резултат на потребата за учество на голем број граѓани во заштита и зачувување на животната средина, како и за играње активна улога во развојот на граѓанското општество преку почитување на биолошката разновидност и напори за одржлив развој.
Целта на организацијата е заштита и зачувување на природата и биолошката разновидност и спроведување на принципите за одржлив развој.
Посветени сме на заштита и подобрување на животната средина што води кон одржлива иднина и општествени и економски подобрувања во заедниците на национално ниво. За да го направиме ова, работиме со различни чинители за да воспоставиме партнерства и да соработуваме за одржлива иднина, за да бидеме признаени во светот како еколошка држава Црна Гора.
Адреса: Dalmatinska 78, 81000 Podgorica, Montenegro
имејл: greenhome@greenhome.co.me
телефон: +382 20 609 375
официјална веб-страница: http://www.greenhome.co.me/
друштвени мрежи:
https://www.facebook.com/green.home.18
https://instagram.com/ngogreenhom
лице за контакт: Андрија Кривокапиќ, andrija.krivokapic@greenhome.co.me
Институт за заштита на природата во Албанија (ИНЦА), Албанија
ИНЦА е невладина и непрофитна организација. Главната цел на ИНЦА е да работи на заштита на животната средина, зачувување на природните богатства и поддршка на одржливиот рурален развој во земјата. ИНЦА, исто така, се обидува да ја зголеми свеста кај јавноста и кај носителите на политики и одлуки, и презема мерки за заштита на видовите и на нивните живеалишта што се од суштинска важност. Седиштето на ИНЦА е во Тирана, но функционира во целата земја и во регионот преку организациите партнери.
Адреса: Rruga Islam Alla, Pall IVEA, Kat I, 1001 Tirana, Albania
имејл: info@inca-al.org
телефон: +355 42231437
официјална веб-страница: www.inca-al.org
друштвени мрежи:
https://www.facebook.com/inca.albania;
https://www.instagram.com/incaalbania/?hl=en;
https://twitter.com/AlbaniaInca
лице за контакт: Генти Кромида
Македонско еколошко друштво – МЕД, Северна Македонија
Повеќе од четири децении Македонското еколошко друштво е посветено на екологијата и на заштитата на природата. Како граѓанска организација, ги остваруваме нашите цели и задачи преку спроведување и учество во проекти како и преку организирање професионални и научни собири. МЕД ја поддржува обуката, формалното образование, постдипломските и докторските студии на младите еколози и на сродните науки. МЕД објавува научни и популарни материјали во областа на екологијата и заштитата на животната средина.
Адреса: Arhimedova br.5, 1000 Skopje, North Macedonia
имејл: contact@mes.org.mk
телефон: +389 2 2402773
официјална веб-страница: www.mes.org.mk
друштвени мрежи:
www.facebook.com/MES.org.mk //
инстаграм: @macedonian.ecological.organization
лица за контакт: Фросина Пандурска Драмиканин pandurska@mes.org.mk и Даниела Заец zaec@mes.org.mk
Млади истражувачи на Србија, Србија
Млади истражувачи на Србија (МИС) е непрофитна, неполитичка НВО со седиште во Белград, Србија. МИСЛИ ГОЛЕМО – прави малку: почни лавина! е мотото на МИС.
Главните цели на МИС се заштита на животната средина, едукација за животната средина, младинска размена и работа со млади, како и промовирање на одржливиот развој, научната креативност и волонтерството.
МИС организира активности во областа на заштита на животната средина и на природата преку програми за заштита на биолошката разновидност како и унапредување на одржливиот развој.
Адреса: Bulevar umetnosti 27/ 11070 Novi Beograd/Serbia
имејл: office@mis.org.rs
телефон: +381 11 311 13 14
официјална веб-страница: www.mis.org.rs
друштвени мрежи:
ФБ: mladiistrazivacisrbije/
инстаграм: mis.vss
лице за контакт: Милка Гвозденовиќ
Орнитолошко друштво „Нашите птици“, Босна и Херцеговина
Главните цели на Орнитолошкото друштво „Нашите птици“ е истражување и заштита на птиците и на нивните живеалишта во Босна и Херцеговина. „Нашите птици“ е вклучено во проекти чија цел е да ја зголемат свеста кај јавноста за заштита на птиците, промовирање на проучување на птиците и активности за заштита.
Адреса: Semira Frašte 6, 71000 Sarajevo, Bosnia and Herzegovina
имејл: naseptice@hotmail.com
телефон: +387 61 783 203
официјална веб-страница: www.ptice.ba
друштвени мрежи:
https://www.facebook.com/Ornitološko-društvo-NAŠE-Ptice-138191152913106
Инстаграм: nase_ptice
лица за контакт: Дражен Котрошан, kotrosandrazen@gmail.com и
Нермина Сарајлиќ, nermina.sarajlic@ptice.ba
Заштита и зачувување на природната средина во Албанија (ППНЕА), Албанија
Заштита и зачувување на природната средина во Албанија (ППНЕ) е невладина еколошка организација што работи во целата земја, позната како првата еколошка организација во Албанија. Официјално е формирана на 5 јуни 1991 г. со специјален декрет од Албанската академија на науки. Потоа ППНЕА се етаблираше како многу активна организација, со учество и организирање многу кампањи за зголемување на еколошката свест во Албанија, а спроведуваше и многу различни проекти со фокус на повеќе еколошки прашања. Речиси три децении по основањето, организацијата има големо искуство за прашања поврзани со заштита на природата и биолошката разновидност, еколошка едукација, промовирање поодржлив начин на живеење, а неодамна се вклучи и во интердисциплинарни проекти за управување со природни ресурси. Мисијата на ППНЕА е да воспостави хармонија меѓу природата и општеството во Албанија.
Адреса: Rr. “Janos Hunyadi”, Godina 32, Ap. 11 – 1019, Tirane, Albania
имејл: contact@ppnea.org
телефон: +355 4 562 8954
официјална веб-страница: www.ppnea.org
друштвени мрежи:
https://www.facebook.com/ppnea
https://www.instagram.com/ppnea/
https://twitter.com/ppnea
https://www.linkedin.com/company/ppnea/
лице за контакт: Клаудија Кочи
Здружение за природа, животна средина и одржлив развој – Сонце, Хрватска
Здружението за природа, животна средина и одржлив развој Сонце е хрватска еколошка граѓанска организација. Покрај членовите и доброволците, Сонце има и професионален тим составен од експерти за природа и заштита на животната средина. Неговата работа се спроведува со учество на јавноста, едуцирање и информирање на јавноста за да ги смени своите ставови и однесување, истражувања за да се подготват насоки за ефикасни мерки за заштита, и заложби за одговорно управување со ресурсите. Работи на управување со заштитени подрачја/локалитети од Натура 2000, мониторинг на видови и живеалишта, управување со отпад, одржлив туризам и риболов, еколошки закони и едукација.
Сонце е особено активно кога станува збор за управување со крајбрежните и со морските подрачја. Организацијата е база за еколошка едукација и има добра соработка со училиштата и со универзитетите.
Адреса: Obala hrvatskog narodnog preporoda 7/III, 21 000 Split, Croatia
имејл: info@sunce-st.org
телефон: +38521360779
официјална веб-страница: www.sunce-st.org
друштвени мрежи:
https://www.facebook.com/udruga.sunce.split/
https://www.instagram.com/sunce.split
лице за контакт: Вида Зрнчиќ (vida.zrncic@sunce-st.org)