На Европскиот ден за набљудување птици (Euro Birdwatch), првиот викенд во октомври, кој се одбележува за да се привлече вниманието на јавноста за еколошката важност на птиците и потребата да се заштитат нивните живеалишта, орнитолошкото друштво “Нашите птици“ ги покани новинарите да им се придружат на Ливањско Поље.
Ливањско Поље е најголемиот мочурлив предел во Босна и Херцеговина и најголемото карстно поле во светот. Во 2008 г. беше прогласено за мочуриште со меѓународна важност според Рамсарската конвенција и беше вклучено на листата на Важни птичји предели (ИБА) во 2011 г. Се наоѓа и на листата на потенцијални локации за Натура 2000 во Босна и Херцеговина, но сѐ уште нема соодветно ниво на заштита.
Новинарите имаа можност да научат за птиците, за работата на “Нашите птици“, за потребите и за плановите во овој домен во иднина, како што е размена на регионално ниво. Разговараа со г. Анте Перковиќ, кој разви бизнис за набљудување птици од кану со помош на малите грантови од еден од проектите на орнитолошкото друштво „Нашите птици“ на реката Стурба. Ги посетија набљудувачниците каде што секоја година редовно се бројат птиците на Европскиот ден на набљудување птици и за други пригоди, и дискутираа за важноста од заштита на птиците преселници и нивните живеалишта. Новинарите искажаа интерес за учество на сите идни активности на “Нашите птици“.