Позицискиот документ на БиоНЕТ за пост-ЕУ Стратегијата за биолошка разновидност 2020 беше претставен на 4. редовен состанок на Работната група за биолошка разновидност на Југоисточна Европа, што се одржа во ноември 2019 г. во Тирана, Албанија. 

Работната група за биолошка разновидност (РГБР) е меѓувладино техничко и советодавно тело на Регионалната работна група за животна средина што координира регионални активности, го потпомага спроведувањето на Стратегијата за Југоисточна Европа 2020 и создава рамка за поефикасно спроведување на политиките за биолошка разновидност како дел од процесот на пристапување кон Европската Унија. Повеќе информации за РГБР се достапни овде.

За да се воспостави и да се одржува блиска размена и соработка со владините структури, кои ја нудат својата експертиза и советодавни услуги, БиоНЕТ аплицираше да стане член на РГБР во текот на 2019 г. Приемот беше официјално одобрен во февруари 2020 г. и оттогаш БиоНЕТ активно учествува во работата на РГБР. 

БиоНЕТ учествуваше во консултациите за Зелената агенда за Западен Балкан што се одржаа меѓу членките на РГБР, претставници на Регионалниот совет за соработка и Европската комисија.

Prevod je u pripremi i uskoro će biti dostupan.

Prevod je u pripremi i uskoro će biti dostupan.

Prevod je u pripremi i uskoro će biti dostupan.